Родри стана светски рекордер, ги надмина Малдини и Албертини

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Сити ја затворија сезоната со победа над Вест Хем (3-1), а тоа значеше дека и четврти пат во низа ќе бидат шампион во Премиер лигата.

Покрај тоа, победата донесе и продлабочување на рекордот на Родри. Фудбалерот за врска дојде до бројката од 74 натпревари во низа на кои нема претрпено пораз. Со тоа, Родри влезе во фудбалската историја. Шпанецот ја има најдолгата низа без неуспех во овој спорт.

Пред дуелот со Вест Хем, Родри беше на делба на рекордот со дуото на Милан од 1993 година – Паоло Малдини и Деметрио Албертини. Од вчера, шпанскиот ас на Сити е самостоен рекордер.

Следната сезона Родри може да го брка рекордот на Сол Кембл, кој не знаеше за неуспех на 56 премиерлигашки натпревари со Арсенал. Шпанецот во моментов е на бројката од 50 меча, па и овој рекорд е достижен…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани