Шпанскиот репрезентативец, Родри кој ја освои „Златната топка“ не крие дека бил изненаден од одлуката на Реал Мадрид да ја бојкотира церемонијата.
Во шпанскиот гигант незадоволни што престижната награда не заврши во рацете на Винисиус не се појавија на церемонијата во Париз.
Сега во јавноста сега се огласи Родри кој не крие дека не му се допаднал потегот на „кралевите“.
„Кога некој ја цени твојата класа и си при самиот врв, без разлика дали си победник или не треба да се појавиш на таков настан. Минатата година Халанд беше во подобра позиција да дојде до наградата од мене, но бев тука да му дадам поддршка. Сето тоа е дел од спортот. Во фудбалот некогаш е важно како губиш, тие моменти многу кажуваат за тебе. Јас не знаев дека ќе победам кога прифатив да дојдам. Кога ги читав вестите за Реал Мадрид мислев дека се лажни“, изјави Родри.