Реал Мадрид имаше успешен преоден рок во кој главна ѕвезда беше Килијан Мбапе, кралскиот клуб веќе го подготвува планот за следното лето, а таму едно име е најважно, тоа е Родри.
Според мадридскиот весник „АС“, Родри ќе биде целта на Реал Мадрид за следната сезона.
Шпанецот беше клучен играч на Манчестер Сити за освојување на Лигата на шампионите, а беше исклучително значаен и за шпанската репрезентација. Тој се смета за најдобар дефанзивец во средниот ред во светот.
Родри има договор со Манчестер Сити до 2027 година, а неговата вредност се проценува на 130 милиони евра.
Ангажман во Реал би било враќање за Родри во Мадрид, бидејќи тој во сити пред пет години пристигна од Атлетико за 70 милиони евра.
Единствен проблем за Реал би можел да биде доколку Родри одбие да оди таму поради ривалството со Атлетико. Тој е роден во Мадрид и е дете на Атлетико.