97
Шпанецот Родри во неочекуван расплет на настаните успеа да ја освои „Златната топка“ пред Винисиус Жуниор кој се до последниот ден важеше за главен фаворит.
Реакции во фудбалскиот свет се уште има, а веројатно и ќе се зголемат по објавената снимка од шпанските медиуми од прославата на фудбалерот на Манчестер Сити.
Иако Родри важи за скромен фудбалер кој не сака да се истакнува, оваа снимка покажува нешто спротивно. Имено, Шпанецот славеше со познатата песна „Бела чао“, но во еден момент запеа „Винисиус чао, чао“.