Родриго беше изоставен од изборот за „Златната топка“ за 2024 година. Бразилската ѕвезда која со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и УЕФА Суперкупот не се најде меѓу 30. имиња на потесниот список.
Токму на таа тема Бразилецот зборуваше во последното интервју. Тој призна дека е огорчен од одлуката, меѓутоа веќе го надминал почетниот шок.
„Бев вознемирен, сметав дека го заслужувам тоа. Не сакам да зборувам за ниту еден играч меѓу кандидатите, но мислам дека требаше да бидем меѓу тие 30 фудбалери. Се изненадив, но не можам ништо да сменам. Имав цинична објава, а сега повеќе немам зборови за тоа, сите знаат дека сум огорчен.Често пополнувам места. Недостига некој во нападот? Ставете го родриго. Недостига „деветка“? Родриго… Малку ми пречи тоа, иако сум тимски играч“, изјави Родриго.
Во моментов Родриго се наоѓа во репрезентативниот камп на Бразил во исчекување на вториот предизвик за време на септемврискиот прозорец.