Родриго му донесе победа на Бразил против Еквадор (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Бразил со 1-0 го победи Еквадор во квалификациски меч за Светското првенство, а херој беше Родриго кој го постигна единствениот гол на мечот.

Тоа се случи во 30. минута, Родриго биеше од далечина, топката удри некој од еквадорските фудбалери, го смени правецот и заврши во мрежата на противникот за водство од 1-0 што значеше и победа за Бразил.

Луис Диаз со гол во 82. минута ја спаси Колумбија од пораз на гостувањето кај Перу, натпреварот заврши 1-1.

Немаше погодоци на дуелот меѓу Уругвај и Парагвај на кој Луис Суарез се збогуваше со репрезентацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани