378
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид постигна договор за трансферот на Робин Ле Норман од редовите на Реал Сосиедад.
27-годишниот репрезентативен стопер на Шпанија се очекува да се пресели во Мадрид по Европското првенство. Атлетико пронајде заеднички јазик со Сосиедад и ќе му исплати 30 милиони евра за трансферот. Условите меѓу клубот и Ле Норман се договорени од претходно, па сега Атлетико ја заврши и зделката со Реал Сосиедад. Потврда на зделката даде и Фабрицио Романо.
Робин Ле Норман е член на клубот од Баскија од 2019 година кога пристигна од Брест. Ова момче има двојно државјанство, а минатата година ја одбра Шпанија како своја репрезентација и во моментов пружа одлични партии на Европското првенство.