Ријека ќе ја направи својата втора најголема продажба во историјата!

by riste
1 минути читање

23-годишниот Марко Пашалиќ е пред заминување од Ријека ова лето, а највисока понуда за него има Вулверхемптон.

Марко Пашалиќ имаше одлична сезона во Ријека со што си обезбеди место во хрватската репрезентација на изминатото Европско првенство, а со тоа си ја зголеми цената на пазарот.

Се шпекулираше дека тој може да заврши во Динамо Загреб, но шампионот купи друг играч, а и Ријека бара повеќе од пет милиони евра за својот фудбалер.

Утринава стигна информација дека Вулвс го сака Пашалиќ и за него нуди шест милиони евра плус два милиони евра во бонуси.

Доколку Ријека ја прифати понудата, тоа ќе биде нивна втора најголема продажба, првата е од 2014 година кога го продадоа Андреј Крамариќ на Лестер за девет милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани