Дисциплинската комисија во рамките на Хрватскиот фудбалски сојуз изнесе казни за клубовите по натпреварите од 33. коло.
Најтешко мина екипата на Ријека, која во текот на натпреварот се однесуваше непримерно кон македонскиот интернационалец Стефан Ристовски. Бекот беше навредуван од страна на навивачите во текот на целиот меч, му се довикуваа разни пароли меѓу кои и „Циган, Циган“.
Поради навредите кон македонскиот фудбалер, Ријека е казнета со 4.500 евра. Исто така клубот доби и санкција 5.500 евра поради пиротехника, па сумата на казната достигна петцифрена бројка.
Да потсетиме, Стефан Ристовски во минатото беше дел од Ријека и со успех ги бранеше клупските бои. Сега тој игра во редовите на лутиот ривал Динамо и чекори кон нова титула во Хрватска.