Ривалдо: Роке ќе докаже дека Барселона погреши!

by riste
1 минути читање

Бразилската фудбалска легенда и поранешен играч на Барселона, Ривалдо верува дека каталонскиот клуб прави грешка што се откажува од Витор Роке.

Роке пристигна како големо засилување за Барселона, но заминува без да добие вистинска шанса, ниту од Чави, ниту од Ханси Флик.

Барселона беше подготвена да го продаде на Спортинг, но по желба на Роке ќе го позајми во Бетис. Трансферот треба да се комплетира наскоро.

Ривалдо силно верува дека неговиот млад сонародник ќе ѝ покажа на Барса дека греши.

„Витор Роке ќе покаже дека Барселона греши со него. Тој има се за да биде успешен во Бетис, со минутажата и поддршката од фановите, ќе успее и ќе докаже дека Барса погреши“, вели Ривалдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани