Атлетико Мадрид врза две победи во шпанската Ла Лига, откако на гостувањето кај Мајорка славеше минимално со 0-1.
Домаќинот во Палма де Мајорка беше целосно рамноправен, го измачи тимот кој важеше за фаворит и немаше да биде незаслужено да освои барем бод на средбата. Самиот меч немаше премногу шанси пред двата гола, бидејќи во преден план беа добро поставените дефанзивни линии.
Отпорот на домаќинот беше срушен во 61 минута од средбата. Голманот Облак исфрли топка, дефанзивата на Мајорка лошо реагираше и до неа стигна Џулиано Симеоне. Синот на тренерот дојде во зицер позиција и можеше да бира каде да шутне, ама реши да проигра.
Тој му додаде на Хулиан Алварез кој беше залетан и целосно сам, па погоди во празната мрежа за 0-1 во 61. минута.
До крајот на средбата резултатски промени немаше, а Атлетико дојде до седмата сезонска победа.