Репрезентативец на Саудиска Арабија се бори за живот, паднал од тераса

by riste
1 минути читање

Фахад Ал-Мувалад, фудбалерот на репрезентацијата на Саудиска Арабија и Ал Шабаб се наоѓа на интезивна нега во болницата Рашид во Дубаи.

Причината е пад од балконот од вториот кат од неговата куќа, а несреќниот случај се случил во четвртокот наутро. Тој се здобил со неколку скршеници и брзо е префрлен во болница.

Во прашање е долгогодишен репрезентативец кој дебитираше уште во 2012 година и играше во Русија на Светското првенство, но во Катар не настапи поради допинг.

Извори од Саудиска Арабија говорат дека полицијата ги прегледува снимките за да ги дознаат причините за несреќата. Засега е познато дека неговите пријатели си заминале од неговиот дом три часа пред да се случи несреќата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани