13
Aргентинската репрезентација славеше победа од 1:0 против Перу во рамките од квалификациите за Светското првенство, а голот го постигна Лионел Меси.
По овој дуел внимание привлече изјавата која ја даде репрезентативецот на Перу, Пабло Гереро.
Како што вели тој Меси е премногу заштитен и судиите реагираат на секој контакт.
„Ако Меси го допрете со прст, судијата веднаш суди прекршок. Премногу е заштитен“, изјави Гереро по поразот.
Аргентина е блиску да го потврди пласманот на Мундијалот бидејќи по 12 одиграни кола е прва со 25 бодови.