104
Репрезентативецот на Македонија Лирим Ќамили денеска беше еден од најзаслужните во победата на неговиот Сондерјиске во данското првенство.
Ќамили во натпреварот против Велје кој неговиот тим го доби со 2:1 го постигна првиот гол на средбата во 27. минута од натпреварот.
Македонскиот репрезентативец беше највисок во шеснаесетникот и со глава ја смести топката во мрежата.