Oд германската Бундеслига објавија дека соборен е рекрод во продажбата на билети за изминатата сезона.
Во сезоната 2023/2024 забележан е раст од 5% во продажбата на билети во првите две елитни германски лиги. Минатата сезона се продале вкупно 20.737.276, додека сезоната претходно 19.755.465 билети.
Кога ќе се соберат бројките се доаѓа до просек од 33.885 бнилети по натпревар и тоа нов рекорд во просечната посетеност во германскиот фудбал. Кога ќе се гледа поединечно, Бундеслигата продаде 11.925.726 билети и тоа е просек од 38.973 по натпревар.
Со ваквите бројки тие се лидери во најсилните европски првенства кога во прашање е продажбата на билети за натпреварите.
Втората Бундеслига продала 8.811.550 и тоае 28.796 по натпревар. Посетеноста во однос на минатата сезона е зголемена за дури 30%.