И покрај лошите резултати, урнатите негативни рекорди и критиките од фановите, Ерик тен Хаг ужива поддршка од раководството на Манчестер јунајтед.
Многумина од навивачите сметаат дека Ерик тен Хаг треба да добие отказ, но така не мислат и луѓето кои треба да го сменат.
„Дали се уште веруваме во Ерик тен Хаг? Апсолутно. Сметаме дека Ерик е вистинскиот тренер за нас и ми ја даваме комплетната поддршка“, вели извршниот директор на Манчестер јунајтед, Берада.
Слично размислува и спортскиот директор, Дан Ашворд.
„Навистина уживам работејќи со Ерик. Ја гледам мојата работа како поддршка за него на секој можен начин за да има комплетен фокус на тренингот и на натпреварите за да испорача успех за Манчестер јунајтед“, вели Ашворд.