61
Лече со гол на Анте Ребиќ во самиот финиш од натпреварот одигра 1-1 против Јувентус во последниот денешен меч од Серија А.
Јувентус влезе како голем фаворит на гостувањето кај Лече, но дома си оди само со бод.
Момците на Тијаго Мота дојдоа во водство во 68. минута со среќен гол на Камбијасо.
Лече напаѓаше со сите сили за израмнување и тоа се случи во 93. минута кога Ребиќ по асистенција од Крстовиќ реализираше за конечни 1-1.
Ante Rebić with his first goal for Lecce against Juventus late into added time to tie it up!
— Croatian Football (@CroatiaFooty) December 1, 2024
pic.twitter.com/YfSqVLNsun