329
Реал Сосиедад славеше минимална, но важна победа во рамките од 36. коло од Ла Лига.
Натпреварот беше одлучен со голот на Андре Силва по само три минути игра, а до крајот иако имаше прилики, резултатот не се промени.
Домаќините со овој триумф го искористи ремито на Бетис кој денес претходно одигра 2:2 против Лас Палмас и така го прескокна на шестата позиција во битката за место во Лигата на Европа.
Следното, претпоследно коло во Шпанија ни носи директен дуел помеѓу Бетис и Сосиедад кој сигурно многу ќе одлучува за тоа кој ќе игра во Лига Европа следната сезона.