101
Реал Мадрид доби нов „удар“, бидејќи по натпреварот со Милан остана без еден од најстандардните во првиот тим.
Повреда заработи Орелиен Чуамени, а поради истата го очекува пауза. Францускиот играч за врска го повреди левиот зглоб на ногата, па тоа ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец. Клубот потврди за каква повреда се работи, но не откри колку точно ќе паузира 24-годишникот.
Чуамени пристигна во Реал за 80 милиони евра пред две години и оттогаш е стандарден во првиот тим. Сепак, во последно време почна да се зборува за негово заминување, а против Милан беше еден од најлошите на теренот.