Реал му укажа огромна чест на Модриќ пред клучниот меч на ЕП

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид во новата сезона ќе влезе без неколку фудбалери, а еден од оние кои заминуваат е Начо Фернандез.

Доскорешниот капитен на „кралевите“ остана без договор, па направи трансфер во Саудиска Арабија каде што ќе игра за Ал-Кадсија. Поради тоа Реал мораше да го назначи неговиот наследник.

Нов капитен на Реал Мадрди за сезоната 2024/25 ќе биде Лука Модриќ. Хрватот веројатно ќе ја одигра последната сезона во клубот, а непосредно пред клучниот натпревар со Хрватска на Европското првенство доби огромна чест од Реал.

Заменик капитен е назначен Дани Карвахал, додека во низата следат Васкез, Валверде, Куртоа и Винициус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани