Клупската телевизија на Реал Мадрид објави прилог во кој по две кола од шпанското првенство ги обвинува судиите за одредени одлуки во натпреварите.
Од Реал порачуваат дека се „ограбени“ во неколку ситуации, а дека Барселона имала „ветер во грб“.
Во Реал Мадрид го споменаа и случајот на Олмо кој е регистриран откако во клубот дознаа дека стоперот Андреас Криистенсен ќе паузира два до четири месеци. Олмо вчера постигна гол за победа во натпреварот против Рајо и тоа даде дополнителен повод на луѓето во таборот на „кралевите“.
„На нашиот најголем ривал му беше простен црвен картон кој го заслужи Кубарси на „Местаља“, а нас не ни беше досуден пенал против Мајорка. Не се виновни нашите противници, виновни се оние кои тоа го дозволуваат. На Барселона и е дозволено да регистрира фудбалери со оправдување дека друг фудбалер се повредил.
Истиот играч се покажа како клучен во вчерашниот натпревар. Реал Мадрид мора да плива во ова море полно со валкани работи. Рајо не доби пенал против Барселона бидејќи беше досуден прекршок на Кунде. Коментаторите јасно кажаа дека не гледаат прекршок за контакт. Реал Мадрид ќе продолжи да се бори против ваквата ситуација“, соопштено е во прилог кој претходеше на прес-конференцијата на Карло Анчелоти.