314
Денешните информации од Шпанија велат дека Реал Мадрид сака да ги обнови договорите со Тони Крос и Лука Модриќ.
Иако претходо се пишуваше дека Модриќ ќе замине ова лето, сепак новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана кој е близок до Реал Мадрид вели дека кралскиот клуб сака да му понуди нов договор на Хрватот и на Тони Крос.
Карло Анчелоти сакал и двајцата да останат. Тој верува дека двајцата играат уште на највисоко ниво и тоа го покажаа во текот на оваа сезона.