326
Европскиот првак Реал Мадрид го потврди бројот на Килиан Мбапе. Француската ѕвезда во следната сезона ќе настапува со „9-ка“ на својот грб.
Досега Мбапе играше како „10-ка“, меѓутоа таа бројка во Реал ја држи легендата Лука Модриќ, а така ќе биде до неговото заминување. Клубот потврди дека Французинот ќе биде официјално промовиран следниот вторник (16 јули).
Покрај бројот на Мбапе, промени направија уште неколку првотимци. Феде Валверде ќе биде нова „8-ка“ во Реал, „6-ка“ задолжи Камавинга, промени има кај Ѓулер кој ќе биде „15“, Чуамени (14) и Ваљехо (18).