231
Во Реал Мадрид добија лоши вести и на тренингот пред вечерашниот натпревар од Суперкупот повреда заработи Едуардо Камвинга.
Камвинга го повреди лигаментот на левото колено и уште веднаш беше јасно дека Карло Анчелоти нема да го има на располагање за дуелот со Аталанта.
По деталните прегледи направени денес, Реал потврди и колку ќе паузира Французинот.
Според најавите на „кралевите“, Камвинга ако се оди според планот ќе се врати на терените за шест до седум недели, односно во октомври.
Новата сезона во Ла Лига, Реал Мадрид ја започнува викендов во натпреварот против Мајорка в недела од 21:30 часот.