Реал Мадрид му се заблагодари на капитенот, Начо по 23 години замина од Бернабеу! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Кралскиот клуб соопшти дека Начо донел одлука кариерата да ја продолжи во друг клуб, Реал Мадрид му се заблагодари на фудбалерот кој од младинската школа, па до денес помина 23 години во белиот дрес.

Начо во Реал Мадрид пристигна во 2001 година кога имаше само 10 години, тој играше во сите младински категории, а од 2012 година стана фудбалер на првиот тим.

Тој заедно со Модриќ се двата најтрофејни фудбалери на Реал Мадрид, двајцата имаат освоено по 24 трофеи.

Начо веќе се договори со клубот од Саудиска Арабија, Ал Кадсиах каде треба да игра во наредните две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани