Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми од почетокот на сезоната поради повредите во тимот и „кралевите“ се принудени да купуваат во јануари.
Како што е познато, Едер Милитао се здоби со повреда на предните вкрстени лигаменти и за него сезоната е завршена. Но, за дефанзивецот ова е втора ваква повреда во 15 месеци, па поради тоа под знак прашалник се доведува и неговата кариера.
Реал Мадрид нема избор и мора веднаш да реагира, иако Серхио Рамос е достапен и без клуб, наводно во Мадрид размислуваат за друго име.
Идејата на клубот е Емерик Лапорт од редовите на Ал Наср. Се најавуваше од претходно дека Лапорт сака да се врати во Европа, а на Европското првенство покажа дека настапите во Саудиска Арабија не влијаеле на неговата форма.
Мадритските извори пренесуваат дека Реал и не би требало да плати многу и би го довел за сума помеѓу 10 и 12 милиони евра. Лапорт има 30 години и сигурно дека има уште некоја година пред себе која може да ја одигра на високо ниво.