505
Легендата на Баерн Минхен доби покана од Реал Мадрид да го гледа вечерашниот меч на Сантијаго Бернабеу, но покани не добива од својот поранешен клуб за кој даде многу.
Оливер Кан од јуни 2021 година до крајот на мај 2023 година беше извршен директор на Баерн Минхен, тој немаше најдобра разделба со клубот, па оттогаш не е присутен на мечевите на Алијанц Арената.
Според „Билд“ тој не добивал покани од Баерн Минхен да биде дел од ложата, но затоа пак Реал Мадрид направи голем гест и го повика на да следи дуелот на Бернабеу.