Реал Мадрид го освои Суперкупот, Мбапе дебитираше со гол (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Реал Мадрид со 2-0 ја победи Аталанта и го освои УЕФА Суперкупот, еден од головите беше дело на новото мега засилување за кралскиот клуб, Килијан Мбапе.

Првото полувреме на мечот во Варшава не понуди многу интересен фудбал, најголемата можност ја имаше Реал Мадрид во последните мигови пред одморот. Ја погоди пречката од голот на Аталанта.

Вториот дел понуди многу побогат фудбал. А возбудувањата започнаа пред голот на Реал Мадрид кога Пашалиќ биеше со глава, а Куртоа со крајни напори го одбрани неговиот удар.

Резултатот беше отворен во 59. минута кога по еден одличен пробив Винисиус му асистираше на Валверде на кој не му беше тешко да реализира за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Десетина минути подоцна Белингем одлично додаде до Мбапе кој постигна гол за 2-0 и најави одличен почеток на неговата кариера во Реал Мадрид.

Кралскиот клуб сезоната ја почна со трофеј, а Аталанта може да биде задоволна затоа што рамноправно му парираше на големиот противник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани