Реал Мадрид го демантира Анчелоти: Ќе играме на Светското клупско првенство!

by Стефан
1 минути читање

Изненадувачка беше денешната изјава на Карло Анчелоти во која порача дека Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство кое ФИФА ќе го организира во сезоната 2024/2025, а сега пристигна демант.

„Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство на ФИФА Еден меч на Реал Мадрид вреди 20 милиони евра, а тие ни ги даваат тие пари за цел турнир. Реал Мадрид како и други клубови, ќе ја одбие поканата“, гласеше изјавата на Анчелоти.

Попладнево сепак пристигна демант од таборот на „кралевите“.

„Реал Мадрид сака да соопшти дека во ниту еден момент прашањето на учеството на Светското клупско првенство 2024/2025 не било доведено во прашање. Нашиот клуб ќе учествува како што е планирано и ние сме горди што сме вклучени во него и што повторно ќе инспирираме навивачи ширум светот во борбата за уште еден трофеј“, стои во соопштението на Реал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани