Реал едвај го чекаше да дојде, а сега го испраќа во Премиер?

by 24 фудбал
1 минути читање

Ендрик не се прослави премногу по доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ во Реал Мадрид од Палмеирас.

Трансферот вреден 47,5 милиони евра беше договорен одамна, но Бразилецот дури изминатото лето се пресели во Мадрид. Сепак, досега одигра само 122 минути во сите натпреварувања, има лимитиран простор и тоа секако не е добро за момче од 18 години.

Поради тоа во Реал размислуваат да го испратат на позајмица. Според англиските медиуми, уште во јануари Ендрик би можел да се проба во Премиер лигата.

Заинтересиран за доведување на Ендрик е „фенерџијата“ во англиската елита Саутемптон. Славниот клуб кој се мачи во Премиер лигата бара ефтино решение за офанзивата, бидејќи досега има само седум постигнати гола и само четири освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани