156
Фудбалерите на Барселона одиграа маестрален натпревар и го декласираа Ваљадолид со убедливи 7:0.
Рафиња кој натпреварот го заврши со хет-трик и две асистенции ја започна голеадата во 20. Минута. Четири минути подоцна Левандовски стрелаше за 2:0 за во финишот од првиот дел Кунде да погоди за веќе 3:0.
Вистинско шоу имаше Рафиња во вториот дел кога додаде уште два гола и две асистенции. Стрелци за Барселона беа уште Олмо и Торес.
По четири кола Барселона е единствен тим во шпанското првенство со максимални 12 бодови.