Бразилското крило на Барселона, Рафиња, даде изјава со која го „пецна“ лутиот ривал Реал Мадрид.
Рафиња зборуваше за ситуацијата во својот клуб, а доби прашање за лошиот старт на „кралевите“ во Ла Лига. Одговорот на Бразилецот беше навистина интересен и провокативен. Тој нагласи дека иако Реал на хартија изгледа моќно, фудбалот се игра на теренот.
„Да бидам искрен, изненаден сум што Реал почна така… На хартија се навистина моќни, се очекуваа победи на тие натпревари. Сепак, она што им се случи е само уште еден доказ дека во фудбалот не играат имиња, мора да се излезе на терен и таму да се докаже дека си подобар ако сакаш да ги освоиш бодовите“, изјави Рафиња.
Барселона по четири одиграни меча е максимална и со 12 бода е водечка на табелата, додека Реал има половичен ефект со две победи и две ремија.