Раул сака нов предизвик: Го известил Реал дека ќе замине и ја избрал новата дестинација

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес кој ја извршува функцијата тренер во вториот тим на Реал Мадрид го известил раководството на „кралевите“ дека сака да го напушти клубот.

Раул веќе пет години е тренер на Реал Мадрид Кастиља, а според информациите на „Билд“ тој искажал желба да се врати во Германија и во оваа земја да го продолжи тренерскиот пат со водење на прва екипа.

Својата играчка кариера во европскиот фудбал, Раул ја заврши во Шалке од каде што во 2012 година премина во Ал Сад, играше уште и за Њујорк Космос каде што се пензионираше во 2015 година.

Во Бундеслигата помина помина две години и добро го познава фудбалот во оваа земја, па тому и затоа сака да биде тренер на некој германски клуб.

Дресот на Реал Мадрид, Раул го носеше од 1994 до 2010 година и на 741 натпревар успеа да постигне 323 гола и да подели 133 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани