Синоќа меѓу 21-22 часот таткото на Ламин Јамал бил избоден со нож и веднаш пренесен во болница, неговата состојба е стабилна и се наоѓа надвор од животна опсаност.
Се верува дека нападот врз него е последица на претходна расправија која ја имал со луѓе од соседството каде што живее и тоа поради банална работа. Таткото на Јамал си го шетал кучето кога од тераса врз нив било фрлено вода. Така настанала расправијата.
На социјалните мрежи се појавија и видеа од таа расправија од кои може да се види како таткото на Јамал има вербален дуел со одредени луѓе, а еден човек го одалечува од местото.
Подоцна доаѓа и полиција која исто така го одалечува од местото, а тој им објаснува што се случило.
Засега е познато дека полицијата има уапсено тројца личности за кои се верува дека се дел од напаѓачите.