Расистички напад и физичка пресметка на меч меѓу Комо и Волвс: „Мисли дека е Џеки Чен“

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот во понеделник меѓу Вулверхемптон и Комо од пријателски карактер доби нова димензија и прерасна во скандалозен.

Имено, при водство на Волвс од 1-0 во 68. минута дојде до судир на играчите на теренот. Даниел Поденс заработи црвен картон откако удри противнички фудбалер, а причината за скандалот наводно е расистичка навреда.

Удрениот фудбалер на Комо наводно го навредил Кореецот Хванг Хи Чан со зборовите: „Мисли дека е Џеки Чен“, што ги разлутило неговите соиграчи. Хванг го обвини играчот на италијанскиот клуб за расистички навреди, по што настана хаосот.

Вулверхемптон потврди дека ќе поднесе жалба за однесувањето и навредите кон нивниот фудбалер. Потоа и Комо се огласи за ситуацијата и напиша:

„Како клуб не толерираме расизам и најостро го осудуваме. Разговаравме со нашиот играч за да дознаеме што се случило. Ни кажа дека коментарот бил следниот: „Игнорирајте го, мисли дека е Џеки Чен“. Ни откри дека тоа го кажал бидејќи неговите соиграчи му се обраќале со „Чени“. Нашиот играч не мислеше ништо навредливо и понизно кон противникот. Разочарани сме од реакцијата на одредени играчи на Волвс кои го изнесоа инцидентот надвор од пропорциите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани