Иван Ракитиќ потпиша за Хајдук и ќе го носи дресот на клубот од Сплит во наредната сезона, а во договорот постои и опција за продолжување на уште една дополнителна.
Вториот дел од изминатата сезона, Ракитиќ го помина во саудискиот Ал Шабаб каде што премина од Севиља. Во Хајдук ќе го носи дресот со број 11, а неговото претставување е закажано за денес од 19:30 часот.
Во меѓувреме во јавноста излегуваат некои детали од неговото минато. Медиумите потсетија на негова изјава од 2006 година во која истакнува дека навива за Динамо.
„Секако дека би сакал да заиграм за Динамо. Од детството сонувам за такво нешто, сите во моето семејство навиваат за Динамо. Минатото лето ми беше чест да играм против нив“, изјави Ракитиќ.
Но, за да се врати во татковината и да игра за Хајдук, Ракитиќ се откажа од 15 милиони евра годишно во Ал Шабаб. Платата во Хајдук ќе му изнесува 600.000 евра.