Разочарување за навивачите на стартот од ЛЕ: Манчестер Јунајтед не го победи Твенте (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Јунајтед вечерва им приреди разочарување на своите навивачи одигрувајќи 1:1 на стартот од Лигата на Европа против Твенте.

Беше подобар противник Јунајтед на теренот, но не може да се каже дека имаше некоја посебна доминација. Предност за „црвените ѓаволи“ донесе Ериксен во 35. минута, па со минимално водство Јунајтед замина на паузата.

Слична игра гледавме и во вториот дел, Јунајтед ја имаше повеќе топката, но и Твенте знаеше да се закани на моменти. Голот за изедначување Твенте го постигна на 20-тина минути до крајот по грешката на стрелецот Ериксен, а погоди Ламерс.

Во останатите натпревари Андерлехт со 2-1 го совлада Ференцварош, Лацио со 0-3 беше подобар од Динамо Киев, Галатасарај дома го совлада ПАОК со 2-1, Славија Прага со победа замина од Бугарија во дуелот со Лудогорец 0-2,  додека средбите Мјитиланд – Хофенхајм и Ница – Реал Сосиедад завршија без победник 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани