632
Во Германија и Италија протекуваат дијаметрално спротивни информации за иднината на фудбалерот на Милан, Тео Ернандез.
Според германските медиуми, Ернандез вербално прифатил понуда од Баерн Минхен и сака да седне со раководството на Милан да дискутира за негово заминување.
Италијанските медиуми тврдат дека нема такво нешто, напротив, Тео Ернандез сака да остане во Милан и да потпише нов договор со росонерите.
Актуелниот договор на Французинот со Милан трае до јуни 2026 година.