Српските медиуми вечерва пренесоа вест која можеби и можеше да се очекува. Откако стана јасно дека Драган Стојковиќ – Пикси ќе остане селектор на Србија, се најавуваа промени во играчкиот кадар.
Капитенот Душан Тадиќ веројатно ги одигра последните натпревари за репрезентацијата. Според Србите, „тиквата пукна“ на Европското првенство. Тадиќ се налути бидејќи Пикси го остави на клупата на првиот меч против Англија, а тоа јавно го критикуваше. Настана типичен српски скандал, но за да ја спушти топката офанзивецот ја „спушти топката“ и се извини на селекторот и соиграчите.
Поради тоа односот меѓу селекторот и капитенот се нарушени, а тоа никогаш не е идеално за било која репрезентација. Пикси останува, па логичен тек на настаните е повлекување на Тадиќ. Иако не е официјално потврдено од страна на федерацијата или Тадиќ, српските медиуми најавија дека тој повеќе нема да игра за репрезентацијата.