14
Како што пренесуваат француските медиуми, жалбата на Пари Сен Жермен во врска со пресудата со Килијан Мбапе е одбиена.
Имено, Мбапе испрати тужба барајќи си договорените 55 милиони евра како бонус за лојалност.
ПСЖ сметаше дека не треба да му ја исплати оваа сума бидејќи не потпиша нов договор, но сепак судот пресуди во корист на фудбалерот.
На оваа одлука ПСЖ може да се жали, меѓутоа мали се шансите да има некаква промени и многу веројатно е дека ќе мора да ја исплатат сумата која ја бара Мбапе.