ПСЖ остана максимален и по три рунди во француската Лига 1, откако славеше во дербито против Лил со 1-3 (0-2).
Избраниците на Луис Енрике како гости славеа на „Пјер Мороа“. Парижани стекнаа двојна предност за само неколку минути, пред крајот на првото полувреме.
Резултатот го отвори Витиња со погодок од белата точка во 33. минута. Само три подоцна Бредли Баркола успеа да ја удвои позитивата на ПСЖ (0-2).
По многу промени на двете страни „догите“ успеаја да израмнат во вториот дел. Егрон Жегрова во 78. минута го пронајде патот до мрежата на Донарума за 1-2. Бргу потоа имаше и еден поништен гол со помош на ВАР за Лил. Точка во финишот стави Рендал Коло Муани кој во втората дополнителна минута ги постави конечните 1-3.