ПСЖ одлучува дали Мбапе ќе биде промовиран како играч на Реал пред ЕП!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид и самиот Килијан Мбапе сакаат тој официјално да биде претставен како засилување на кралскиот клуб пред почетокот на Европското првенство, но дали тоа ќе се случи зависи од ПСЖ.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ истекува на 30. јуни и дотогаш тој е фудбалер на францускиот клуб, па Реал Мадрид нема право да го претстави како свој играч.

Тоа може да се случи само доколку Реал Мадрид добие зелено светло од ПСЖ.

ПСЖ и Реал Мадрид не се во добри односи, Ал Келаифи е гневен на начинот на кој Мбапе беспари заминува од клубот, па тешко дека би му го направил меракот на кралскиот клуб и би дал согласност за промоција на трансферот.

Очекувањата се дека Реал Мадрид ќе го потврди Мбапе во текот на Европското првенство или по неговото завршување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани