ПСЖ не крие дека го сака Салах

by riste
1 минути читање

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи вели дека го сакаат Мохамед Салах, но од почит кон Ливерпул не контактирале со него.

Салах ја игра последната сезона од договорот со Ливерпул и можно е на лето да замине од Енфилд. Еден од клубовите со кои се поврзува е ПСЖ.

„Го сакаме Мо Салах. Но, тој има договор со Ливерпул и ние никогаш не сме зборувале со него“, вели Ал Келаифи.

„Тој е од нашиот дел на светот. Многу сум горд за тоа што го направи во Премиерлигата. Имам голема почит за него и Ливерпул“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани