Фудбалскиот клуб Челси не сака да си дозволи да загуби уште еден фудбалер бесплатно.
Поради тоа продолжува сагата околу Конор Галагер. Англискиот фудбалер за врска има договор до следното лето, а одби да потпише двегодишно продолжување со Челси. Неговите барања беа високи, а „сините“ му понудија максумум двегодишен договор со опција за уште една.
Откако не сакаше да прифати, челниците на клубот го притискаат да прифати трансфер во Атлетико Мадрид. Тимот од „Ванда Метрополитано“ пронајде заеднички јазик со Челси, ќе плати околу 40 милиони евра за Галагер, а нему му остави време да одлучи.
Сагата продолжува бидејќи сега притисокот од Челси се зголемува, тие бараат од Галагер или да потпише или да прифати трансфер. Клубот се обидува да избегне сценарио како за Антонио Рудигер кој бесплатно се пресели во Реал.