Продолжува кошмарот за Реал Мадрид: Родриго ја завршил годината!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид има огромни проблеми со повредите, а во наредниот период следи и тежок распоред за „кралевите“.

За викендот се повредија: Едер Милитао, Родриго и Лукас Васкез, сега пристигнуваат нови информации.
Како што е познато за Милитао сезоната е завршена, додека првичните информации за Васкез беа дека ќе паузира три, а Родриго околу четири недели.

Но, изгледа дека ситуацијата е многу полоша, барем кога во прашање е Родриго. Бразилецот најверојатно ја завршил 2024 година бидејќи му претстои пауза околу шест недели. Од друга страна Васкез ќе паузира околу еден месец и ќе се врати пред крајот на годината.

Реал Мадрид го чека натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите и во него Анчелоти нема да може да смета на: Карвахал, Милитао, Алаба, Васкез, Чуамени и Родриго.

Анчелоти во овој момент на располагање има само еден здрав стопер и тоа е Антонио Рудигер. Против Ливерпул на германскиот дефанзивец би требало да му помагаа младиот Асенсио, Ферлан Менди и принудно Валверде.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид на програмата е на 27 ноември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани