Хрватскиот репрезентативец, Никола Власиќ (26) ќе го напушти кампот на репрезентацијата и ќе го пропушти остатокот од Европското првенство во Германија поради повреда на мускулот, објави Хрватскиот фудбалски сојуз.
Власиќ се повредил на еден од тренинзите на Хрватска, а по прегледите од лекарскиот тим било утврдено дека повредата е посериозна и нема да биде спремен да и помгогне на Хрватска во следните натпревари.
„Селекторот Златко Далиќ во договор со Власиќ и докторската служба донесе одлука Никола да го напушти кампот бидејќи повредата не му дозволува да продолжи со настапот на ЕП“, стои во соопштението.
Ќе потсетиме, Хрватска лошо го стартуваше првенството и претрпе пораз од Шпанија со 3:0, па сега ќе се обиде против Италија и Албанија да собере доволно бодови за место во осминафиналето и тоа сигурно нема да им биде лесно.