170
Репрезентацијата на Италија се подготвува за најважниот натпревар во групната фаза во кој не смеат да загубат од Хрватска ако сакаат пласман во следната фаза.
Но, пред натпреварот со Хрватите избраниците на Лучијано Спалети добија лоши вести. Во овој натпревар нема да може да сметаат на услугите на Федерико Димарко.
Фудбалерот на Интер се здобил со повреда на листото и скоро невозможно ќе биде за него да настапи во клучниот натпревар.
Италија и Хрватска натпреварот го играат утре во терминот од 21:00 часот.