Проблем за Реал Мадрид: Белингем ќе оди на операција?

by Стефан
1 минути читање

Џуд Белингем беше еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид и сигурно е кандидат за освојување на „Златната топка“, но англискиот репрезентативец има проблем.

Репрезентативецот на Англија има хронична повреда на рамото и прашање е дали ќе ја залечи, постои начин, но потребна е операција.

Реал Мадрид ќе ја провери неговата состојба по завршувањето на одморот по Европското првенство и доколку лекарите утврдат дека постои проблем, операцијата ќе биде неоходна.

Ако Белингем биде опериран ќе мора да отсуствува најмалку два месеци и ќе ги пропушти приремите и почетокот на сезоната со Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани