Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота ќе биде надвор од терените најмалку уште 20-тина дена, потврди менаџерот на тимот, Арне Слот.
Португалецот го повреди реброто во победата над Челси на 20 октомври. Се очекуваше да се врати на теренот порано, но рехабилитацијата се одолжи.
На прашањето дали Жота ќе се врати пред репрезентативната пауза, Слот одговори.
„Не, тоа ќе биде по завршувањето“.
Ливерпул во овој момент има многу проблеми околу составот, но ситуацијата е нешто подобро и се очекува Алисон да се врати можеби и за викендот. Утре во рамките од Лига Купот Ливерпул гостува кај Брајтон, додека во сабота повторно ќе се соочи со истиот ривал на свој терен во Премиер лигата.
По девет одиграни кола во Премиер лигата Ливерпул е втор на табелата со 22 бода, еден помалку од шампионот Манчестер сити и четири повеќе од Арсенал и Астон Вила.