Барселона под водство на Ханси Флик игра импресивно, но финансиските проблеми остануваат, па поради нив раководството мора да биде многу креативно во потпишувањето на договорите со фудбалерите, но и со спонзорите.
Барселона од својот спонзор очекува прилив од 60 милиони евра од претходно договорени бонуси, но сумата наместо сега би можела да доцни и да пристигне следната година, а тоа му прави проблем на клубот.
Барса ги има регистрирано Дани Олмо и Пау Виктор до 31. декември, а потоа од клубот веруваат дека ќе стигнат парите за да им ја продолжат регистрацијата. Но тоа може нема да се случи.
Сепак до крајот на декември има уште точно два месеци, па се верува дека Барселона ќе најде начин и нема да дозволи пред се Дани Олмо да не игра во вториот дел од сезоната.